- ПОЧЕТНА
- ОБУКА
Национална категорија "M""А" категорија "Б" категорија "Ц" категорија"Д" категорија"Ц+Е" категорија
- ВИДЕО
- ВОЗИЛА
- ЗА НАС
- УПИС
- КОНТАКТ
- НОВО
- ЦЕНОВНИК
Обука
Национална Категорија "М"НАЦИОНАЛНА КАТЕГОРИЈА "М"
Лицето кое поседува Национална категорија “М“ може да управува:
- Велосипед со помошен мотор,
- Мопед (со навршена 14 годишна возраст)
- Лесен трицикл
- Трицикл
- Лесен четирицикл
- Четирицикл
- Работна машина и мотокултиватор(со навршена 14 годишна возраст)
Потребни документи за полагање ?
1. ИЗЈАВА од лицето или негов родител односно старател ако лицето не наполнило 18 години!
2. Да има завршено најмалку основно образование!
3. Извод од матична книга на родени - фотокопија!
4. ПОТВРДА за проверка на знаењето од правилата за сообраќајот на патиштата и сообраќајните знаци во траење од 10 наставни часа!
5. Важечка лична карта - односно друг документ со слика (пасош, здравствена легитимација, ученичка книшка)!
Потребни документи за издавање на возачка потврда ?
Лицето од кога ќе го положи само теоретскиот дел од возачкиот испит се стекнува со право на управување со НАЦИОНАЛНА КАТЕГОРИЈА "М". (работна зафатнина на моторот не надминува 50 цм3)
1. БАРАЊЕ за издавање возачка дозвола за прв пат!
2. УПЛАТА на МВР од 280,00 ден.
3. УПЛАТА на Трезорска сметка од 110,00 ден.
Кондиционо возење
За сите оние кои одамна положиле и од тогаш не возеле Ви ја нудиме услугата кондиционо возење. Многу брзо ќе утврдиме колку Ви е потребно за да се вратите во форма, а потоа ќе Ви помогнеме без никаков стрес да го постигнете безбедното ниво на возачки вештини. Ќе поминеме заедно низ ситуациите кои ви задаваат проблеми, ќе ги извозиме сите делови од градот кои најчесто планирате да ги возите и да станете вистински возач во ШКОЛАТА ЗА ВИСТИНСКИ ВОЗАЧИ.
Инструктори
Нашите инструктори, кои поседуваат повеќегодишно искуство во работа со кандидати, ќе Ве запознаат на најбрз и најлесен начин со сите елементи на возењето.
Нашите вработени се столб на нашата организација. Правиме напори за непрекинато усовршување на инструкторите, кои се најодговорни носители на правилна и добро ускладена обука. Крајната цел на нашите напори е, секако, да се понудат најквалитетни услуги на нашите корисници. Поради одговорниот однос спрема кандидатите издржуваме и напредуваме во работата. Од нас, сигурно ќе добиете професионалност, стрпливост, стручност и спремност во секој момент да Ви излеземе во пресрет.
После долгогодишните напори на екипирање на тимот кој е добитна комбинација, чест ни е да Ви ги представиме нашите инструктори:
- Велјанов Димче: "A", "Б", "Ц", "Ц+Е" и "Д" - категорија;
- Ѓорѓиевски Зоран: "Б", "Ц" и "Ц+Е" - категорија;
- Сотиров Никола: "Б" - категорија;
Tweet