- ПОЧЕТНА
- ОБУКА
"АM" Категорија"Б" категорија
- ВИДЕО
- ВОЗИЛА
- ЗА НАС
- УПИС
- КОНТАКТ
- НОВО
- ЦЕНОВНИК
Обука
"Б" Категорија"Б" КАТЕГОРИЈА
Лицето кое поседува “Б“ категорија може да управува:
- Моторно возило чија вкипна маса не надминува 3500 кг. и
немаат повеќе од 8 седишта не сметајќи го седиштето на возачот.
Потребни документи за полагање за лица со наполнети 18 год.
1. Лицето да наполнило 18 годишна возраст.
2. Да има завршено најмалку основно образование!
(Оригинал или фотокопија заверена на нотар).
3. Да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило.
Доказ - лекарско уверение за соодветна категорија.
4. ПОТВРДА за проверка на знаењето од правилата за сообраќајот на патиштата и сообраќајните знаци во траење од 20 наставни часа, за "Б" категорија.
5. ПОТВРДА за оспособеност на кандидат за возач на моторно возило и за возач на трактор во траење од 36 наставни часа, за "Б" категорија.
6. Сертификат за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода!
7. Важечка лична карта!
Потребни документи за полагање за лица со наполнети 17 год. возраст.
1. Лицето да наполнило 17 годишна возраст.
2. Да има завршено најмалку основно образование!
(Оригинал или фотокопија заверена на нотар).
3. Да поседува Важечка лична карта!
4. Да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило.
Доказ - лекарско уверение за соодветна категорија.
5. Да има соогласност од двајцата родители, заверена на нотар!
6. ПОТВРДА за проверка на знаењето од правилата за сообраќајот на патиштата и сообраќајните знаци во траење од 20 наставни часа, за "Б" категорија.
7. ПОТВРДА за оспособеност на кандидат за возач на моторно возило и за возач на трактор во траење од 47 наставни часа, за "Б" категорија.
8. Сертификат за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода!
Потребни документи за издавање на возачка потврда ?
Лицето од кога ќе го положи возачкиот испит се стекнува со право на управување со моторно возило од "Б" КАТЕГОРИЈА (возила чија вкипна маса не надминува 3500 кг. и немаат повеќе од 8 седишта не сметајќи го седиштето на возачот).
1. БАРАЊЕ за издавање возачка дозвола за прв пат!
2. УПЛАТА на МВР од 280,00 ден.
3. УПЛАТА на Трезорска сметка од 110,00 ден.
НАПОМЕНА:
- Лекарското уверение е со важност од 18 месеци.
- За закажување за сликање на 0800 192 92 (само од фиксен тел. број).
Со барањето за возачка дозвола задолжително се поднесува и пријавата за издавање на возачка книшка за кое е потребно:
- пријава за возачка книшка
- уплатница од 100 ден
- фотокопија од лична карта
- 2 фотографии до димензија 3,5 X 4,5 цм
- Молба за впишување на Ф,Г,АМ
Кондиционо возење
За сите оние кои одамна положиле и од тогаш не возеле Ви ја нудиме услугата кондиционо возење. Многу брзо ќе утврдиме колку Ви е потребно за да се вратите во форма, а потоа ќе Ви помогнеме без никаков стрес да го постигнете безбедното ниво на возачки вештини. Ќе поминеме заедно низ ситуациите кои ви задаваат проблеми, ќе ги извозиме сите делови од градот кои најчесто планирате да ги возите и да станете вистински возач во ШКОЛАТА ЗА ВИСТИНСКИ ВОЗАЧИ.
Инструктори
Нашите инструктори, кои поседуваат повеќегодишно искуство во работа со кандидати, ќе Ве запознаат на најбрз и најлесен начин со сите елементи на возењето.
Нашите вработени се столб на нашата организација. Правиме напори за непрекинато усовршување на инструкторите, кои се најодговорни носители на правилна и добро ускладена обука. Крајната цел на нашите напори е, секако, да се понудат најквалитетни услуги на нашите корисници. Поради одговорниот однос спрема кандидатите издржуваме и напредуваме во работата. Од нас, сигурно ќе добиете професионалност, стрпливост, стручност и спремност во секој момент да Ви излеземе во пресрет.
После долгогодишните напори на екипирање на тимот кој е добитна комбинација, чест ни е да Ви ги представиме нашите инструктори:
- Ѓорѓиевски Зоран: "Б", "Ц" и "Ц+Е" - категорија;
- Лозановски Сашо: "Б" - категорија;
- Јосифовски Златко: "Б" - категорија;
Проверка пред поаѓање за возење
Возење на моторно возило од "Б" Категорија има своја убавина и шарм само тогаш кога се одвива несметано, сигурно и безбедно. За да се постигнат тие предуслови и возењето да представува задоволство, треба да се поштоваат некои законитости, за кои ние во авто школа Зебра можеме да Ве посоветуваме.
Tweet