Обука
"Ц+E" Категорија

     

"Ц+E" КАТЕГОРИЈА

 

 

Лицето кое поседува “Ц+E“ категорија може да управува:

- Група на моторни возила од "Ц" категорија со приклучно возило чија    вкупна маса надминува 750 кг.

Потребни документи за полагање ?

1. Најмалку 1 година да поседува возачка дозвола од "Ц" категорија.
2. Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар!
3. Да има завршено најмалку основно образование!
4. Да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило.
    Доказ - лекарско уверение за соодветна категорија, односно подкатегорија.
5. ПОТВРДА за проверка на знаењето од правилата за сообраќајот на патиштата и сообраќајните     знаци во траење од 6 наставни часа, за "Ц+Е" категорија.
6. ПОТВРДА за оспособеност на кандидат за возач на моторно возило и за возач на трактор во     траење од 10 наставни часа, за "Ц+Е" категорија.
7. Важечка лична карта!

Потребни документи за издавање на возачка потврда ?

Лицето кое ќе положи само практичен дел (градско возење) од испитот се стекнува со право на управување на група моторни возила чие влечно возило спаѓа во категорија "Ц" на кое може да биде придодадено приклучно возило, чија вкупна маса е поголема од 750 кг.
1. БАРАЊЕ за издавање возачка дозвола за прв пат!
2. УПЛАТА на МВР од 280,00 ден.
3. УПЛАТА на Трезорска сметка од 110,00 ден.

НАПОМЕНА:
- Лекарското уверение е со важност од 18 месеци.
- За подкатегориите "A1", "Б+Е", "Ц1", "Д1", подетални информации во А.Ш. Зебра!

Кондиционо возење

За сите оние кои одамна положиле и од тогаш не возеле Ви ја нудиме услугата кондиционо возење. Многу брзо ќе утврдиме колку Ви е потребно за да се вратите во форма, а потоа ќе Ви помогнеме без никаков стрес да го постигнете безбедното ниво на возачки вештини и да станете вистински возач во ШКОЛАТА ЗА ВИСТИНСКИ ВОЗАЧИ.

Инструктори

Нашите инструктори, кои поседуваат повеќегодишно искуство во работа со кандидати, ќе Ве запознаат на најбрз и најлесен начин со сите елементи на возењето.

Нашите вработени се столб на нашата организација. Правиме напори за непрекинато усовршување на инструкторите, кои се најодговорни носители на правилна и добро ускладена обука. Крајната цел на нашите напори е, секако, да се понудат најквалитетни услуги на нашите корисници. Поради одговорниот однос спрема кандидатите издржуваме и напредуваме во работата. Од нас, сигурно ќе добиете професионалност, стрпливост, стручност и спремност во секој момент да Ви излеземе во пресрет.

После долгогодишните напори на екипирање на тимот кој е добитна комбинација, чест ни е да Ви ги представиме нашите инструктори:

- Велјанов Димче: "A", "Б", "Ц", "Ц+Е" и "Д" - категорија;
- Ѓорѓиевски Зоран: "Б", "Ц" и "Ц+Е" - категорија;
- Сотиров Никола: "Б" - категорија;

Проверка пред поаѓање за возење

Возење на моторно возило од "Ц+Е" Категорија има своја убавина и шарм само тогаш кога се одвива несметано, сигурно и безбедно. За да се постигнат тие предуслови и возењето да представува задоволство, треба да се поштоваат некои законитости, за кои ние во авто школа Зебра можеме да Ве посоветуваме.

 

Bookmark and Share